Екипата од Џузепе Меаца подготвува тим за борба со Јувентус, Милан и Рома за Скудетото во италијанската Серија А. „Нероазурите“ во своите редови на двегодишна позајмица го доведоа црногорскиот репрезентативец Стеван Јоветиќ.
Управата на Интер на ваков потег се одлучи бидејќи со евентуален трансфер ќе го прекршеа правилото на финансискиот фер плеј и ќе соочеа со одредена казна од УЕФА.
Јоветиќ не доби вистинска прилика во Премиер лигата по трансферот од Фиорентина во Манчестер Сити и враќање во „калчо лигата“ е најреална опција.
По завршување на позајмицата Интер ќе има можност да го откупи договорот на Јоветиќ кој е шести трансфер на „нероазурите“
Претходно тимот од Милано се засили со Миранда, Муриља, Кондогбија, Монтоја и Перишиќ.
Ohridnews