Дивеењето на навивачите на Влазними за време и по натпреварот од шестото коло од Втората Македонска фудбалска лига одигран на СРЦ “Билјанини Извори“ меѓу Охрид 2004 и Влазними, резултираше со сторена материјална штета од преку 20 илјади денари, кои ЈП “Билјанини Извори“ ќе ја бара како надоместок од клубот организатор на натпреварот.


По извршената контрола на стадионот од страна на комисијата на ЈП Билјанини Извори утврдено е дека се скршени 54 столчиња на местото каде биле гостинските навивачи. Потоа скршено е огледалото во сооблекувалната која ја користеше гостинската екипа, како и тоа во тоалетот на сооблекувалната од гостинската екипа, како и капакот од шоља во тоалетот од соблекувалната која ја користеа госите од Струга.

Ние како ЈП кое стопанисува со спортските објекти одговорноста и покривањето на штетата ќе ја побараме од организаторот на мечот, а тоа во случајов е ФК Охрид 2004 –  рече Гордана Јованоска, директор на ЈП “Билјани Извори“.


Од ФК Охрид, кои беа домаќини на мечот кој беше прогласен за натпревар од висок ризик од страна на ФФМ, велат дека жалат за настанатата материјална штета, но и дека ја обавестиле ФФМ за целата ситуација.- Комплетната документација од случајот ја испративме од ФФМ , од каде бараме гостинската екипа, ФК Влазними од Струга да ја покрие направената штета. – истакна Милчо Ристески секретарот на клубот.


Делегатот на натпреварот Талевски Цане од Битола, со најниска оцена на фер плеј листата, го оценил однесувањето на навивачите на струшки Влазними.

М.П.