По организацијата на Велигденскиот турнир во мал фудбал, ЈП Билјанини Извори оваа година ќе направи нов исчекор кон развојот на фудбалот и фудбалската игра организирајќи турнир во фудбал за најмладата популација, генерација 2001 година.


Турнирот ќе започне на 17 јуни (петок) и ќе се игра до 19 јуни ( недела ) кога ќе се одржи големото финале. Организаторот ќе додели награди за трите првопласирани екипи како и за најдобриот играч, најдобриот стрелец и најдобриот голман. За сите учесници на турнирот ќе се доделат дипломи како потврда за учеството на турнирот.

Повеќе детали за турнирот ќе бидат објавени на прес конференција која ќе се одржи во просториите на ЈП Билјанини Извори.

Ohridnews