– Ние во рамките на нашите можности како домаќини максимално се потрудивме да им овозможиме се што тие побараа. Сите нивни барања беа удоволени и навидум изгледаше дека се задоволни. СРЦ Билјанини Извори е отворен од сите страни и кој кога сака и како сака може да дојде овде. Повеќе пати сме сугерирале да не се користат нашите тревнати површини, за таа намена, осбоено во период кога има екипи на подготовки, можеби е и наша грешка која во иднина ќе ја отстраниме, но мислам дека тоа не беше пречка тие да не бидат задовлни – рече директорката на ЈП Билијанини Извори Гордана Јованоска која напомена дека јавното претпријатие ќе регира до службите во општината да превземат соодветни мерки.
Неодамна градските советници изгласаа одлука за преименување на СРЦ „Билјанини извори“, во „Атина Бојаџи“, на што меѓу другото реагираа и спортските работници, кои укажаа дека многу посуштински е да се подобрат условите за настап и подготовки на екипите, да се изгради затворен базен и да се подобри инфраструктурата на која во минатото се организирани големи спортски настани.