Менаџментот на ЈП Билјанини Извори секојдневно е исправен кон предизвиците за санирање на состојбите во претпријатието. За жал многу од одлуките можеби нема да се популарни, но веруваме дека ќе донесат подобра иднина за ЈП Билјанини Извори, затоа што без разлика кој  е директор најважно е претпријатието да опстои и да се исправи кон сериозните предизвици кои предстојат, се наведува во реакцијата од јавното претпријатие во која се нагласува дека тешката состојба во која се наоѓа претпријатието е резулат на носењето лоши финансиски одлуки од страна на претходниот директор.

– Во име на вистината, др Боро Шајн поранешниот директор во ЈП Билјанини Извори кој е вработен во ЈП Билјанини Извори како “директор” ги направи најголемите менаџерски грешки во раководењето со  ЈП Билјанини Извори од кога било претходно со што претпијатието го остави во многу незавидна финансиска ситуација. Поранешниот директор е распореден времено да работи заедно со своите колеги без разлика на образование, се со цел да помогне на претпријатието, како би можеле за што побрзо да излеземе од кашата во која што тој не стави, при тоа ниту образованието му е намалено, нуту платата што ја зема според работното место кое досега го извршуваше, велат од ЈП Билјанини извори.

Оттаму додаваат дека наместо СДСМ и коалиционите партери да им се извинат на вработените и јавноста за сите грешки на екс менаџерот, тие ја манипулираат јавноста и изнесуваат невистини за градоначалникот и менаџментот на јавното претпријатие.

– Градоначалникот Никола Бакрачески и менаџментот на претпријатието, ќе изградат успешна и профитабилна институција во името на ЈП Билјанини Извори . Сите клевети и навреди  ги сметаме како политички маркетинг, се со цел заштита на своите лоши кадровски решенија и од сето тоа јавно се оградуваме.Верувајте тоа само дополнително не мотивира да успееме во реализацијата на нашиот план, за што ги повикуваме и граѓаните да ни се придружат во напорите  да го изградиме ЈП Билјанини Извори  а со тоа генерално да му помогнеме на спортот и развојот на спортската инфраструктура, нагласуваат од ЈП Билјанини извори.

OhridNews