Во просториите на Јавното претпријатие “Билјанини Извори“ беше организиран предновогодишен коктел, на кој присуствуваа преставниците на охридските клубови, членови на спортските школи, новинари како и спортски работници од градот.


Јавното претпријатие “Билјанини Извори“ се одлучи со еден ваков потег да се запознае со сите чинители од охридскиот спорт и да им ги честита Божиќните и Новогодишните празници. Се надевам дека ваквите собири ќе продолжат и ќе прераснат во традиција – потенцираше директорот на ЈП “Билјанини Извори“, Боро Шајн.

Новиот директор на ЈП “Билјанини Извори“ се осврна на работата што ги очекува со сите спортски структури во наредната 2012 година.


Ако сме имале соработка треба да продолжи, да ги решиме сите недоразбирања со клубовите. Комуникацијата не е највисоко ниво, а мене лично како поранешен спортист ме боли што така се поставени работите. Ние како јавно претпријатие сакаме на секој клуб или спортист да му излеземе во пресрет за да ги достигне целите кои ги има зацртано – заврши Боро Шајн.

Мх.П.