ЈП „Билјанини извори“ со отчет пред јавноста за реализираното во изминатите 100 дена од промената на раководниот тим во претпријатието.
Од јавното претпријатие потенцираат дека во текот на наведениот период се реализирале голем број спортски настани и културни манифестации, при што како особено значајно се наведува преземањето на стопанисувањето со Јавниот паркинг простор во централното градско подрачје и со Градскиот базен „Атина Бојаџи“.
– Оваа година за прв пат на Градскиот базен „Атина Бојаџи„ се реализираше проектот „Спортско лето „кој опфати различни категории на граѓани како и проектот Ј.П. „Билјанини Извори за децата“ кој е посветен на најмладите. Потпишан е Меморандум за соработка со ЈОУДГ Јасна Ристеска, како и со Здруженијата на лица со попреченост. Од аспект на финансиската состојба, Ј.П. Билјанини Извори се наоѓа во подобрена финансиска кондиција. Во текот на изминатите 100 дена исплатени се три неисплатени плати, како и побарувања на околу 30 коминтенти. Редовно се сервисираат побарувањата кон ЕВН како најголем побарувач, практика која за прв пат е воведена од ова раководство, имајќи во предвид дека во изминатите години сметките кон ЕВН воопшто не се подмирувале, наведува новиот менаџерски тим на претпријатието.
Од ЈП Билјанини извори додаваат дека во тек е изработка на финансиски план за сервисирање на долговите кон јавните претпријатија во Охрид (Комуналец и Проаква), и дека од месец септември во план е и подмирување на најголемиот долг на Ј.П. кон ЕВН Македонија во износ од 6. 500 000 денари.