ЈП Градски пазар објави оглас за издавање под закуп на деловен простор од 30 метри квадратни во охридскиот Градски Пазар.
Просторот се наоѓа на приземниот кат и е лоциран на јужната страна во Градски Пазар. Просторот се издава под закуп за период од една година, со почетна цена од 370 ден без ДДВ за м2.
Заинтересираните понудувачи потребно е да достават понуда која ќе го содржи понудениот износ на надоместокот по основ на закупнина. Правните лица се должни да достават и Решение од централен регистар за регистрација на дејност, а физичките лица, копија од лична исправа. – Понудите да се достават до ЈП Градски Пазар Охрид, на адреса Бул. Туристичка 79, во затворен плик со ознака – не отворај-. – Огласот трае до 18.04.2014 година до 14 часот.
OhridNews