Пред почетокот на школската година, ЈП Комуналец започна да го уредува просторот во и околу училишните дворови на сите основни и средни училишта во Охрид, како и градинките.

Во текот на овие два дена, службите од ова јавно претпријатие ги уредуваат дворовите на основните училишта “Григор Прличев” и “Св.Климент Охридски”, а во наредните денови со акцијата ќе бидат опфатени и останатите образовни установи во градов.

Ohridnews