По повод празникот 7- ми ноември, утре во административните простории на претпријатието ЈП Комуналец, на дел од вработените ќе им бидат врачени  јубилејните награди за 10, 20 и 30 години непрекината работа.

Ова јавно претпријатие кон одбележувањето на празникот се приклучува со уште неколку активности. Во сабота организира и заедничка акција за уредување на дворот на О.У.”Климент Охридски” во која ќе учествуваат ученици, родители и вработени од јавното претпријатие, а ќе бидат промовирани и новите работни простории на новоформираните претпријатија Погребални услуги и Гробишта.

OhridNews