Наместо да се најде решение и да се санкционираат виновниците кои депонираат медицински отпад во контејнери кои се наменети за   депонирање на комунален отпад од страна на граѓаните, раководителот на Центарот за јавно здравје од Охрид, Атанаско Михаилов, манипулира со охридската јавност, ги оптеретува медиумите со повторно свикување на пресови и поставување на прашања, стои во испратената реакција од ЈП “Охридски комуналец”, која следува по  денес одржаната прес- конференција во Центарот за јавно здравје.

– Го повикуваме г-динот Михаилов,  сите отворени прашања да ги адресира до Ј.П.Охридски Комуналец, веб-страната е достапна 24 саати, а одговорот ќе го добие во најкраток можен рок. Во меѓувреме, да  започнат со реално решавање на проблемот за одлагање на медицинскиот отпад, зошто најважно ни е здравјето на нашите вработени и сограѓани, стои во реакцијата.

OhridNews