Вработените во Ј.П.”Охридски Комуналец” земаат плата секој први во месецот и претпријатието редовно ги подмирува сите обврски кон државата, стои меѓудругото во реакцијата од ЈП „Охридски комуналец“, во врска со вчера изнесените обвинувања од пратеникот Харалампие Шокаровски дека претпријатието е на раб на егизстенција.
 
– Доколку вашите партиски другари од ВМРО-ДПМНЕ ги платат обврските кои ги имаат кон нашето претпријатие, тогаш ние навреме ќе ги платевме обврските кон ЕВН, во време кога ваши кадри од ВМРО-ДПМНЕ го водеа Комуналец струјата и воопшто не се плаќаше. Ќе Ви наброиме само дел од дожниците спрема нашето претпријатие:  здравствени институции (170.183,00 ден.); министерства (2.390.808,00 ден.); јавни претпријатија (4.171.347,00); резиденцијални вили на Претседателот и Владата (635.340,00).  Ј.П.”Охридски Комуналец” во последните три години не се има задолжено со кредит, туку  отплаќа кредит од минати години, се наведува во реакцијата од ЈП Охридски комуналец.
 
Оттаму, додаваат дека охриѓани добро знаат зошто јавната чистота и услужната хигиена во Охрид е на највисоко ниво, зошто снегот е исчистен и како се уредени градските паркови, за разлика од состојбата во Струга каде со комуналното претпријатие раководи кадар од  ВМРО-ДПМНЕ.

OhridNews