Мистериозниот круг што пред неколку дена се појави во поле во Карбинци е новото лого на „Македонски шуми“, објави директорот на ова јавно претпријатие Жарко Караџовски, пренесува „Макфакс“.
Покрај новото лого,од претпријатието го претставија и новиот слоган „Во партнерство со природата“.
„Логото и слоганот се дел од новата филозофија на работење на ‘Македонски шуми’ каде што преку слоганот ‘Во партнерство со природата’ претпријатието симболично ја прикажува и неразделната врска помеѓу луѓето и шумите“, велат од претпријатието.
„Како одговор, барем сега за сега, на сите можни прашања во однос на мистериозниот круг во жито, Караџоски категорично потврди дека претпријатието стои зад него, но, во партнерство со природата и дека резултатот од снимката направена од параглајдеристот бил комплетно неочекуван.”, велат од „Македонски шуми“. 
OhridNews