ЈП Нискоградба ги потсетува граѓаните дека континуирано врши доставување на решенија за наплата на побарувања по основ на неплатени сметки.

–    Ги молиме сопствениците на станови и деловни објекти кои што не ги измириле обврските спрема ЈП „Нискоградба“ ,тоа да  го направат што поскоро со што би одбегнале спроведување на законските и подзаконските акти и изложување на доплнителни трошоци, потенцираат од јавното претпријатие.

Оттаму наведуваат дека судската такса за предлог и решение изнесува 120.оо денари, за нотарската награда 500.оо ден како и трошоците за нотарот во постапката во вкупен износ од 240.оо ден. во истиот рок, или вкупно 860.оо денари плус камата на ненаплатени побарувања пресметана од денот на побарувањето.

Плаќањето можете да се изврши вирмански преку банка или пошта или во центарот за наплата  Корзо.Дополнителлни информации граѓаните може да добијат на телефонскиот број 260-298.
 

OhridNews