Од ЈП „ Нискоградба“ ги информираат граѓаните дека продолжува постапката за наплата на побарувања по основ на неплатени сметки за одведување на отпадни и атмосферски води, преку извршители.
– Сите оние кои до сега не го подмириле долгот, тоа да го извршат во најкраток можен рок и да ги достават платените сметки како доказ,со цел да се прекине постапката и да се избегнат дополнителните трошоци, напоменуваат од јавното претпријатие .
Оттаму потенцираат дека дополнителните трошоци се во висина од 860 денари, во кои се вклучени износот за судска такса за предлог решение во износ од 120 денари, нотарска награда во износ од 500 ден како и трошоците на нотарот во постапката во вкупен износ од 240 ден.
На овој износ треба да се додаде и износот на камата на ненаплатени побарувања пресметана од денот на побарувањето.
OhridNews