Управата на ЈП „Охридски Комуналец“ реагира на обвинувањата од ОО СДСМ Охрид, појаснувајќи дека во дворот на јавното претпријатие нема депонија, туку се врши претовар на сметот.

-Прво, СДСМ сигурно знае во каква состојба го остави ова јавно пртпријатие: Неисплатен долг од 50 милиони денари кон доверители, кој е направен во нивниот период. Обврска по кредитно задолжение во износ од 16 милиони денари, кој кредит иако репрограмиран, за три години не бил враќан. Претпријатието оваа ваша одлука го чинеше 4 милиони денари затезна казнена камата или само од каматата која ние ја исплативме заради вашите погрешни одлуки можеше да се набави едно ново возило. 158 извршни судски решенија во вкупен износ од 38 милиони денари на кои се пресметуваат камати. Второ, возниот парк кој го оставивте се наоѓа во исклучително лоша состојба. Претходното раководство иако знаело дека возниот парк во летен период како и за време на празници и продолжени викенди се користи во три смени набавувало половни возила. Дали на граѓаните им ја имате соопштено староста на возниот парк кој го набавувавте?, прашуваат од ЈП „Охридски Коминалец“.

Оттаму нагласуваат дека депонираниот смет во депонијата Мауцкер, требало благовремено да биде депониран на депонијата за отпад Буково, бидејќи Мауцкер е депонија за градежен шут.

-Така денес користејќи го возниот парк кој го имаме на располагање и во зимски услови често има потреба од претовар на сметот од мали во големи возила кои пак го депонираат во депонијата Буково. Потреба за претовар се јавува и во случај на дефект на некое од возилата. Постапката за претовар никако не може да се поистоветува со дива депонија, појаснуваат од препријатието.

Оттаму потенцираат дека локалната самоуправа, градоначалникот Никола Бакрачески и ЈП „Охридски Комуналец“ последниве година и пол вложиле и во иднина ќе вложуваат големи напори за почист и поубав Охрид, како и претпријатието да застане на здрави нозе и конечно да тргне по прав пат кој ќе значи соврмен начин на подигање смет, одговорност према вработените и граѓаните на општина Охрид и околните места, како и оние кои го посетуваат градот Охрид како туристички центар.

OhridNews