Надлежните објаснуват дека пумпната станица во населбата работи нон стоп, со три пумпи, но не може да ги исцрпи приливните води.
-Апелираме до граѓаните од сепаратниот систем, да не го оптоваруваат канализациониот систем, со атмосверски и подземни води, што е во заеднички интерес на сите. Без соработка со жителите од населбата не е можно да се доведе системот во првобитна состојба.-велат од ЈП Проаква.
Жителите на населбата “Радојца Новичиќ ” завчера преку медиумите алармираа дека повеќе од еден месец не функционира канализацискиот систем во поголем дел од населбата. Тие стравуваат дека со покачување на дневните температури може да дојде до појава на зарази. затоа што дел од домаќинствата се поплавени со фекалии, кои се враќаат во дворовите и објектите.
-Засега секој се снаоѓа како знае и умее. Оние кои имаат можност привремено ги напуштаат своите домови, додека останатите се надеваат на помош од надлежните-велат жителите.
Населбата “Радојца Новичиќ ” е една од поголемите населби во Охрид. Во неа живеат над 2000 жители во повеќе од 400 домаќинства.