При огласувањето кон јавноста треба да бидете целосно искрен и во Вашиот демант да напоменете дека добар дел од тие 2 312 981 денари побарувања се застарени побарувања од потрошувачи-физички лица, купувачи-правни лица чии фирми или заедници веќе не постојат или се под стечај или ликвидација, како и да одговорите дали поголем дел од фирмите неплаќачи се фирми блиски до актуелната опозиција (и дали биле привилегирани при наплатата пречекорувајЌи ги сите рокови), па податоците како такви се презентирани во извештаите како позитива, стои во реакцијата од актуелната директорка на јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“, Јасмина Мицкоска со која му се обраќа на екс директорот Благојче Стојчески околу наследената финансиска состојба во претпријатието .

– Лесно е да ја замајувате јавноста  со тоа дека сте го подобриле возниот парк за комунални дејности, но одговорете дали тој возен парк во целост е исплатен?Реалноста која ја увидовме после Вашето заминување е поинаква, бидејЌи сите тие ненаплатливи побарувања наспроти зголемените обрвски кои Вие ги натрупавте и кои се реални, ја загрозија ликвидноста на јавното претпријатие. Новото раководство со сите сили ќе направи Комуналното претпријатие да излезе од оваа очајна ситуација и со активностите и делата што ќе следат во иднина ќе ја оправдаме довербата што ни ја даде народот, се наведува во дописот од директорката Мицкоска.

OhridNews