27-годишната Даница Тортеска и 29-годишниот Трајче Лозаноски од Скопје се невестата и зетот на јубилејната 50-та Галичка свадба што се одржува во печалбарското село Галичник. 

Даница која е дипломиран филолог и Трајче – машински инженер, инаку двајцата од Скопје, шестгодишната љубов ќе ја крунисаат според традицицијата во мијачкиот крај која содржи 30-на обичаи. Церемонијата почува вечерва, а за утре, недела, е планирана централната прослава и венчавката во црквата „Св. Петар и Павле“.
 
Невестата и зетот ќе бидат облечени во традиционална облека, а особено фасцинантна е носијата на младата која е составена од 46 делови и тежи 25 килограми.
Како што е најавено, на јубилејната Галичка свадба ќе присуствува и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.
OhridNews