Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои јубилејната десетта титула на мастерс турнирот во Монте Карло совладувајќи го својот сонародник Алберт Рамос во два сетови (6-1, 6-3) во финалето.
Надал со двата брејкови во првиот сет го скрши противникот и го доби со 6-1 за водство 1-0. Во вториот Надал одново направи два брејка и се искачи на тронот по десетти пат во Монте Карло.
Јубилејната десетта титула од мастерс турнирот во Монте Карло е 50-та за Надал на земја и вкупно 70-та во кариерата.
OhridNews