Мадридски Реал ја освои јубилејната десетта титула во Евролигата, откако го совлада Фенербахче (85-80) во финалето од завршницата која се одигра во српскиот главен град, Белград.

„Кралевите“ клучната разлика во финалниот натпревар со бранителот на трофејот ја направија во третата четвртина, која им припадна со 25-15. Во последниот период шпанците оддолеаја на нападите од Фенербахче и по десетти пат се искачија на кошаркарскиот трон во Европа. Претходно, во првата Реал Мадрид поведе со 21-17, а во втората изгуби 23-17 за два поени негатива после 20 минути игра. 

Фабиен Хозер со 17 поени заврши најефикасен во составот на Реал Мадрид, а два помалку реализираше Лука Дончиќ. Во тимот на Фенербахче 28 поени уфрли Николо Мели.

Во малото финале кошаркарите на Жалгирис се закитија со бронзениот медал после победата над ЦСКА Москва 79-77.

OhridNews