Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои јубилејната петта титула на мастерс турнирот во Калифорнија совладувајќи го финалето Милош Раониќ со 2-0 во сетови (6-2, 6-0).


Рекетот број еден за час и 19 минути го реши Црногорецот со канадски пасош кој немаше ниту мала шанса за нешто повеќе во финалето.

Ѓоковиќ титулата на Индијан Велс претходно ја освојуваше во 2015, 2014, 2011 и 2008 година, а со оваа се изедначи во вкупниот број титули од мастерс турнирите со Рафаел Надал.

До сега никој тенисер од 1987 година наваму не успеал да освои пет титули на мастерс турнирот во Америка затоа петтата на популарниот „Ноле“ е со историски карактер.

Ohridnews