Фудбалерот на Реал Мадрид и капитен на португалската селелција, Кристијано Роналдо по јубилеен петти пат ја освои наградата „Златна топка“ која ја доделува францускиот весник „Л`екип“.

Роналдо наградата ја освојува втора година по ред или трета во последните четири години. Португалецот во трката за светското признание ги победи Аргентинецот, Лионел Меси и Бразилецот, Нејмар.

Францускиот весник приреди фантастично одликување на Роналдо кој награда ја прими на Ајфеловата кула, а целиот настан беше емитуван во живо.

Со петтото признание Роналдо се изедначи со Меси и двајцата заедно моментално царуваат во фудбалот.

Во ТОП 10 се наоѓаат Џиџи Буфон, Лука Модриќ, Серхио Рамос, Килијан Мбапе, Н`голо Канте, Роберт Левандовски и Хари Кејн.

OhridNews