Аргентинскиот репрезентативец и член на Барселона, Лионел Меси е прогласен за најдобар фудбалер во 2015 година на гала церомонијата која се одржа во швајцарскиот град Цирих.
За фудбалскиот виртуоз од Ноу Камп ова е јубилејна петта „Златна топка“ по четири во низа од 2009, 2010, 2011, 2012 година.
– Ова е посебен момент за мене и за мојата фамилија. По петти пат сум овде благодарение на моите соиграчи од клубот и репрезентацијата. – рече Меси.
Победникот годинава го прогласи Бразилецот, Рикардо Кака кој последен ја освои титулата најдобар фудбалер пред доминацијата на Роналдо и Меси.
Награди :
Најдобар тренер во женски фудбал : Џил Елис (Америка)
Најдобар тренер во машки фудбал : Луис Енрике (Барселона)
Фер Плеј награда : Сите фудбалски организации за поддршка на бегалците
Гол на годината : Вендел Лира
Најдобра фудбалерка : Карли Лојд
Најдобар фудбалер : Лионел Меси
Мх.П.











