Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер со 1000-та победа во кариерата ја освои титулата во Бризбејн.
Во финалето Федерер во три сетови 2-1 (6:4, 6:7, 6:4) го совлада Канаѓанецот, Милош Раониќ и на најдобар можен начин ја отвори сезоната.
Швајцарецот во својата богата ризница ја додаде 83-та титула во одиграното 125 финале во кариерата.
По бројот на титулите и победите Федерер се наоѓа на третата позиција после Џими Конорс (1253 победи/109 титули) и Иван Лендл (1071 победи/94титули).
Мх.П.