По повод 50 годишнината од Струшките вечери на поезијата, на претстојниот фестивал ќе биде промовирана јубилејна поштенска  марка, како и монографија на македонски и англиски јазик и документарен филм. Исто така во рамки на манифестацијата ќе бидат одбележани и 150 години од излегувањето на Зборникот за браќата Миладиновци во Загреб.

Добитник на престижната награда Златен венец годинава е Матеја Матески, а на фестивалот внимание ќе биде посветено и на македонската поезија, најави  Славе Ѓорго Димоски, претседател на Управниот одбор на фестивалот.

На јубилејното издание на Струшките вечери на поезијата  своето учество го потврдиле околу 120 поети од странство, меѓу кои неколкумина добитници на Златниот венец, како и уште толку домашни поети.

OhridNews