Со полуфиналната пресметка на АТП турнирот во Мадрид, Новак Ѓоковиќ и Рафа Надал ќе одбележат јубилеј, односно тоа за нив ќе биде 50-ти дуел еден против друг на тениските терени.
Влогот овој пат ќе биде пласман во финалето, што дополнително ќе ги мотивира двајцата тенисери кои имаат мал пад во формата годинава.
Српскиот тенисер има блага предност во исходот од меѓусебните дуели (26-23), но Надал во дуелот е фаворит, бидејќи игра на домашен терен и пред својата верна публика.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Тим и Куевас.
OhridNews