Серена Вилијамс ја освои 50-та титула во кариерата откако во финалето на
Мастерс турнирот во Мадрид ја совлада Марија Шарапова со 2:0 (6:1,
6:4).

Американката беше супериорна по најголемиот дел од мечот, Шарапова беше
единствено конкурентна на почетокот на вториот сет кога имаше предност
од 2:0.

Серена имаше 18 директни поени и исто толку неизнудени грешки, додека Шарапова имаше 14 винери и 21 грешка.

Вилијамс ја забележа 13-та победа во 15-от дуел со Шарапова, Русинката
последната победа над Серена ја забележа во Лос Анџелес во 2004 година.

“Макфакс“