Најдобриот светски фудбалер и член на Барселона, Лионел Меси на мечот со Валенсија кој неговата екипа го изгуби (2-1) го постигна јубилејниот 500-ти погодок во кариерата.


Неговиот јубилеј не беше одбележан ниту пак спомнат од Барселона која во последните четири натпревари има претрпено три порази и ја загуби предноста од 12 поени која наговестуваше нова титула.

450-ет голови од вкупните 500-то, Меси ги има постигнато за Барселона, а останатите 50 за репрезентацијата на Аргентина. 


Од вкупниот број на погодоци 406 аргентискиот репрезентативец има постигнато со левата нога, 71 погодок со десната нога, 21 со глава и два погодоци со другите делови од телото.

OhridNews