Реал Мадрид со победата над Малага 6-2 стигна до 1000-от триумф во Примера, а најдобриот играч во екипата Роналдо стигна до 200-от погодок за екипата. Но, овој јубилеј беше во сенка затоа што навивачите на Реал Мадрид во текот на целиот натпревар му свиреа на Жозе Мурињо.


Тој пред мечот од екипата го отстрани неговиот сонародник Пепе бидејќи застанал на страната од Икер Касиљас, кој е во немилост кај “специјалниот“.

Атмосферата на “Сантијаго Бернабе“ кулминирала кога на теренот се појавил екс тренерот на “лос бланкос“ Мануел Пелегрини, кој сега е на кормилото од Малага.


Јубилејниот 200-ти погодок на Роналдо за “кралскиот клуб“.

Мх.П.