Невистинити се обвинувањата наведени во реакцијата на СДСМ во врска со работењето на ЈУ Детска градинка „Јасна Ристеска“, стои во контра реакцијата на јавната установа. Во неа се оспоруваат наводите изнесени во врска со реализираните зафати во градинката во мандатот на минатата локална самоуправа, особено за доградбата на централната градинка која, како што стои во соопштението, е површно изведена.

– Проблемите секојдневно ги рашаваме. Нерешена одводна инсталација која предизвикува целокупната смреда да останува во работните простории. Потоа вентилацијата која се изведувала со овој зафат не се извела во кујната за што имаме забелешки и наоди од инспекциските служби (записниците се достапни), а ова значи дека миризбата од кујната и влагата од неа се шири низ целиот објект. А магацинот за храна беше под вода кој проблем ние го решававме. И на крај во однос на оваа точка предходното раководство и локалната власт не ги платила обврските кон изведувачот па сега нека се дума сегашната локална власт како ќе ги покрива долговите од оваа „сериозна“ инвестиција. Не може да не се спомене и дека оваа „серозна“ инвестиција поради нерешен кров ни овозможува секојдневно да газиме по вирчињата и при најмали дождови. – се вели во соопштението.

Во дописот се оспорува дека не се набавени 8, туку 5 компјутери, а се оспоруваат и другите набавки:

• Набројале 3 принтери а се 2. 
• Набројале ДВД во сите холови , а нема ни еден. 
• Набројале реновирање на санитарни јазли, а дел од санитарните јазли ги држеа како магацини, а таму каде што залепиле некоја плочка го третираат како капитална инвестиција. 
• Набројале поплочени дворови, освен во Централна, никаде на друго место! 
• Набројале реконструкција на кровови, како тоа го направиле кога за ни еден објект немаа имотни листови и елаботрати кои ги обезбедуваме ние. 
• Сите набројување се толку површни, несериозни и дел од тековното работење на установата, па ако сакаат да ги сметаат како капитални инвестиции тоа е одраз на капацитетот на предходното раководство и на оние кои сега го величат истото. 
• Заборавиле да спомнат дека предходното раководство наместо да ги користи постојните капацитети за згрижување и воспитување на деца, две занинмални кои можеле да згрижат 50-60 деца ги издале на балетско и јога студија за минимална кирија.-таксативно се набројуваат забелешките во соопштеноето.

Во истото понатаму се истакнува дека сегашното раководство наместо да ги издава занималните сместува дечиња, како и дека нивниот број е зголемен за 30 проценти, а отворени се и три нови групи. Од ЈУ Детска градинка „Јасна Ристеска“ апелираат да престанат медиумските надмудрувања и наместо препукувања и обвинувања да се даваат конструктивни предлози за да се подобри квалитетот на услугите и условите за смествување на децата.

OhridNews