Во раните утрински часови дежурните служби на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа вонредно расчистување на кејот, откако силните бранови исфрлија големо количество тиња, трска и друг вид отпад посебно во делот околу новото и старото пристаниште.
Расчистена е и локацијата околу контејнерите на ул „Славеј Планина“ каде несовесни граѓани го деградирале просторот создавајќи дива депонија од градежен шут, зелен и комунален отпад. Оваа акција се одвиваше во координација со екипите на „Паркови и зеленило“ кои ги уредуваа зелените појаси во оваа населба.
Изминатиот викенд оспособено е и специјалното возило „метачка“ со кое во есенскиов период многу полесно ќе се одржува хигената на јавните површини и ќе се расчистуваат паднатите лисја, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
OhridNews














