Југозападниот, Пелагонискиот, Вардарскиот и Скопскиот регион се дел од Проектот за подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад, кој го иницираше Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.
Првата национална работилница, во рамки на овој проект се одржа вчера во Скопје и на неа беа претставени Извештаите за оцена на состојбите во управувањето со отпадот за сите четири региони.
-Пристапот на информациите до јавноста, учеството на заинтересираните страни во процесот на одлучување, проценката на ризикот, избор на најдобра опција, планот за подобрување, мониторингот, се само дел од алатките кои овозможуваат објективност во одлуката дали одредени сценарија кои ќе бидат опфатени во планските документи се прифатливи или не за општините и воопшто за државата, рече Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.
Тој објасни дека ако кон ова се додаде и проценката на социо-економските влијанија, јасно е дека се работи за документи со кои максимално ќе се избегнат негативните ефекти врз животната средина при спроведувањто на проектите за управување со комуналниот отпад, како и квалитетно спроведување на националната политика, во насока на остварување на целите на одржлив развој.
Проектот се спроведува во рамките на ИПА и е имплементиран од ENVIROPLAN S.A. со своите конзорциумски партнери LOUIS BERGER, BiPRO GmbH, EPEM S.A., SLR Consulting Ltd.
OhridNews