В сабота со почеток во 16 часот Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд го пречекува тимот на Кристал Палас.
Мечот со 17-то пласираниот Кристал Палас треба(ше) да биде лесна задача за „црвените ѓаволи“, но повредите се поголем проблем од противникот.
Холандскиот стручњак на клупата Луис ван Гал неможе да смета на повредените Фил Џонс, Џони Еванс, Маркос Рохо и Крис Смолинг, кој е суспендиран еден натпревар за црвениот картон со Манчестер Сити.
Во нападот повторно ќе го нема Радамел Фалкао, кој сеуште не е опоравен од повредата здобиена пред три седмици во Премиер лигата.
Мх.П.