Манчестер Јунајтед натпреварите во Премиер лигата ќе ги продолжи против 11-то пласираниот Ватфрод на „Викариџ Роуд“.


Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Луис ван Гал за мечот со Ватфорд ќе го нема на располагање Ентони Марсијал кој се повреди на дуелот меѓу Англија и Франција на „Вембли“.

Марсијал англискиот стадион го напушти со патерици, но селекторот на „триколорите“ Дидиер Дешамп по мечот изјави дека напаѓачот не е сериозно повреден и брзо ќе се врати на терените.

Во последниот ден од летниот преоден рок францускиот репрезентативец за 50 милиони направи трансфер од Монако во Манчестер Јунајтед. 

Мх.П.