Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед се засили на голманската позиција доведувајќи го аргетинскиот репрезентативец Серхио Ромеро.
На Олд Трафорд чуварот на мрежата допатува како слободен фудбалер и потпиша тригодишен договор откако му заврши соработката со Сампдорија.
Доведувањето на аргетинската единица ќе отвори нови дилеми во Манчестер Јунајтед околу иднината на Давид де Геа и Виктор Валдес.
Првиот очајна посакува трансфер во Реал Мадрид, а вториот не е дел од клубот на турнеајата низ Америка.
Ромеро е петто засилување за „ѓаволите“ кои претходно во своите редови ги доведоа Мемфис Депај, Матео Дармијан, Бастијан Швајнштајгер и Морган Шнајдерлин.
Ohridnews