Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај по завршувањето на сезоната ќе се пресели на „Олд Трафорд“ во редовите на Манчестер Јунајтед, пишуваат холанските медиуми.
Според истите извори, оваа вест им била соопштена и на наговите соиграчи од ПСВ Ајндховен. Манчестер Јунајтед за услугите на 21-годишниот крилен напаѓач ќе плати сума од 30 милиони евра. – пренесува „Макфакс“
Депај оваа сезона за ПСВ Ајндховен постигна 27 голови во сите конкуренции, тој исто така беше дел од репрезентацијата на Холандија која на Светското првенство го освои третото место.
Ohridnews