Англискиот Лига куп ќе добие нов шампион, откако Манчестер Јунајтед го елиминираше бранителот на трофејот, Манчестер Сити со минимална победа 1-0.


Во не толку содржаен натпревар на Олд Трафорд победникот го одлучи погодокот на Хуан Мата во 54-та минута од второто полувреме.


Мечевите во англискиот Лига куп ги заврши и Челси кој претрпе пораз од Вест Хем 2-1 во четвртфиналето.


Екипите во 1/4 финалето ги комплетираше Саутемптон кој со 1-0 го совлада составот на Сандерлед.

OhridNews