Клубот од Гудисон Парк, Евертон не се откажува од доуто Морган Шнајдерлин – Мемфис Депај иако Манчестер Јунајтед ја одби првата понуда.


„Црвените ѓаволи“ не ја прифатија понудата за Шнајдерлин висока 19 милиони фунти и позајмица на Депај до крајот на сезоната.

„Карамелите“, понудата за францускиот репрезентативец ќе ја зголемат за 4 милиони фунти, а Депај за поголема оштета ќе го засили тимот на Евертон на позајмица шест месеци.

Шнајдерлин и Депај не се во плановите на Жозе Мурињо кој ги форсира Андер Ерера, Мајкл Карик и Маркус Рашфорд на средината од теренот односно на крилните позиции.

И двајцата фудбалери на Олд Трафорд ги доведе Луи ван Гал кој не е омилен лик кај навивачите од Манчестер по неуспешната двогодишна авантура.

OhridNews