Пред почетокот на сезонава Манчестер Јунајтед го сруши британскиот трансфер откако во своите редови го доведе Анхел ди Марија.


Но, само по една мината сезона на Олд Трафорд, Ди Марија може да го напушти англискиот премиерлигаш и да замине во тимот на ПСЖ.

Со парите од трансферот на Ди Марија управата на „црвените ѓаволи“ ќе пробаат во своите редови да го донесат Герет Бејл.

Велшанецот беше голема желба на Сер Алекс Фергусон, но 100-те милиони фунти од Реал Мадрид за Тотенхем беа премногу за тогашниот менаџер на „ѓаволите“.

Летово што доаѓа ќе биде едно од најинтересните на трансфер пазарот бидејќи има околу 20 врвни играчи кои се слободни и веќе се мета на неколку клубови.

Мх.П.