Манчестер Јунајтед во својот тренинг центар го промовираше Златан Ибрахимовиќ кој со „црвените ѓаволи“ потпиша договор на една година.
Шведскиот горостас на социјалните мрежи го најави трансферот кој и не беше некоја „тајна“, но сепак, се чекаше на негова официјална промоција.
Ибрахимовиќ на Олд Трафорд се преселува како слободен играч откако му истече договорот со Пари Сент Жермен кој почна да составуа екипа за сезоната која доаѓа.
Ново име во составот на ПСЖ е Хатем бен Арфа кој на стадионот на светлината трансферираше од Ница.
Инаку, Ибрахимовиќ е втор официјален трансфер на Жозе Мурињо на Олд Трафорд откако претходно го ангажираше дефанзивецот Ерик Бејли.
OhridNews