Дваесеткратниот англиски првак Манчестер Јунајтед во последните мигови од зимскиот преоден рок можеби ќе се засили со дефанзивецот Рафаел Варан.
Шпанските медиуми соопштија дека францускиот репрезентативец е на пат за Манчестер откако „кралевите“ ја прифатија понудата од 35 милиони евра.
Менаџерот на „ѓаволите“, Луис ван Гал по преземањето на палката во клубот бараше квалитетен дефанзивец, а прв пик беше Мет Хумелс, но „милионерите“ не попуштија.
Сезонава токму одбраната е најголем проблем на екипата од Олд Трафорд, која во летниот преоден рок потроши 200 милиони евра, но купуваше само напаѓачи и фудбалери од средниот ред.
Мх.П.