Манчестер Јунајтед забележа убедлива победа во градското дерби совладувајќи го актуелниот првак во Премиер лигата, Манчестер Сити со 4-2.


„Граѓаните“ со водечкиот погодок на Кун Агуеро го разбудија домашниот состав, кој до полувремето преку Ешли Јанг и Маруане Фелаини го сврте резултатот.


Победата над градскиот ривал „црвени ѓаволи“ ја запечатија во второто полувреме со головите на Хуан Мата и Крис Смолинг, а Агуеро со вториот погодок на мечот го ублажи поразот.



Со трите бодови Јунајтед се зацврсти на третото место и ја продолжи трката со Арсенал за вицешампионската позиција.

Резултати : КПР – Челси 0-1, Мен Ју – Мен Сити 4-1.

Табела : Челси 73 (-1), Арсенал 66, Мен Ју 65, Мен Сити 61, Саутемптон 56…

Мх.П.