Манчестер Јунајтед го освои целиот плен на Гудисон Парк совладувајќи го Евертон со убедливи 3-0 во деветтата рунда од Премиер лигата.
„Ѓаволите“ победата во дербито на колото ја осигураа во период од 18-та до 22-та минута кога преку Шнајдерлин и Ерера два пати ја погодија мрежата на домаќините.
Чуварот на мрежата Де Геа со маестрални одбрани ја зачува предноста, а капитенот Руни со третиот гол за екипата ја запечати победата.
Резултати : Тотенхем – Ливерпул 0-0, Евертон – Мен Ју 0-3, Челси – Астон Вила 2-0, Кристал Палас – Вест Хем 1-3, Мен Сити – Бурнмаут 5-1, Саутемптон – Лестер 2-2, ВБА – Сандерленд 1-0, Ватфорд – Арсенал.
Табела : Мен Сити 21, Мен Ју 19, Вест Хем 17, Арсенал 16 (-1), Кристал Палас 15…
Мх.П.











