Манчестер Јунајтед ја забележа шестата победа во серија во Премиер лигата, откако во 20-та рунда го совлада Вест Хем со 2-0 на Олимпискиот стадион во Лондон.
„Црвените ѓаволи“ 11-та победа вкупно сезонава ја обезбедија со головите на Хуан Мата и Златан Ибрахимовиќ во вториот дел од натпреварот.
Поголем дел, односно 75 минути гостите од Олд Трафорд играа со фудбалер повеќе по престрогото исклучување на Фегули во 15-та минута по стартот над Џонс.
Со овој триумф избраниците на Жозе Мурињо ја запреа позитивна серија на Вест Хем во меѓусебните дуели и го продолжија походот кон првите четири екипи на табелата.
OhridNews