Манчестер Јунајтед со 3-1 го совлада Ливерпул во англиската дерби пресметка на Олд Трафорд во рамките од петтата рунда во Премиер лигата.


Дербито своето големо реноме го оправда во вториот дел кога паднаа сите четири погодоци додека првото полувреме не понуди ништо специјално.

„Ѓаволите“ по одличната комбинација која со гол ја круниса Дејли Блинд поведоа со 1-0. Андер Ерера од пенал во 70-та минута од пенал зголеми на 2-0.


Ливерпул се врати во игра во 84-та минута кога Кристијан Бентеке со фантастичен погодок го намали резултатот на 2-1.


Но, последниот збор го кажа Ентони Марсијал кој со голот во дебитанскиот натпревар ја запечати победа за домаќините.


Резултати : Евертон – Челси 3-1, Арсенал – Стоук 2-0, Кристал Палас – Мен Сити 0-1, Норвич – Бурнмаут 1-3, Ватфорд – Свонси 1-0, ВБА – Саутемптон 0-0, Мен Ју – Ливерпул 3-1.

Табела : Мен Сити 15, Мен Ју 10, Арсенал 10, Кристал Палас 9…

Мх.П.