Манчестер Јунајтед го продолжи победничкиот ритам на турнејата во Соединетите американски држави (САД) совладувајќи го градскиот ривал Манчестер Сити со 2-0. 

Творци на триумфот на контролниот натпревар кој се одигра во Хјустон беа најновото засилување за „ѓаволите“, Ромелу Лукаку и Маркус Рашфорд. Белгиецот резултатот го отвори во 37-та минута, а младиот фудбалер печат на победата стави две минути подоцна.

Избраниците на Жозе Мурињо претходно на турнејата низ САД ги совладаа ЛА Галаси и Реал Солт Лејк, додека на следниот контролен натпревар ќе се сретнат со Реал Мадрид.

OhridNews