Манчестер Јунајтед забележа минимална победа 1-0 на гостувањето кај Норвич и се приклучи во борбата за титулата во Премиер лигата. Стрелец на единствениот погодок вреден три бода беше Дени Велбек во вториот дел.

Со четвртата победа во серија „црвените ѓаволи“ се доближија на пристојна разлика од водечките на врвот од Премиер лигата.

Нов лидер во најсилната англиска лига е Манчестер Сити, кој пред своите гледачи славеше против Кристал Палас со 1-0.

Резултати : Вест Хем – ВБА 3-3, Норвич – Мен Ју 0-1, Мен Сити – Кристал Палас 1-0, Хул – Фулам 6-0, Кардиф – Сандерленд.

Мх.П.