Дел од премиерлигашите кои се уклучија во третата рунда од ФА купот потешко од очекувањата ја минаа за нив првата фаза.
Манчестер Сити со погодокот во 90-та минута на Џејмс Милнер го совлада тимот на Шефилд со 2-1.
Ремек делото на Андер Ерара во вториот дел му обезбеди пат во следната фаза на Манчестер Јунајтед. Во финишот од мечот Анхел ди Марија го потврди триумфот на „ѓаволите“.
За победа и пласман во четвртата рунда се намачи и Астон Вила, која пред своите гледачи славеше минимално 1-0 над Блекпул.
Резултати : Довер – Кристал Палас 0-4, КПР – Шефилд Јунајтед 0-3, Сандерленд – Лидс 1-0, Астон Вила – Блекпул 1-0, Мен Сити – Шефилд Вендздеј 2-1, Саутемтон – Ипсвич 1-1, Стоук – Врексам 3-1, Јеовил – Мен Ју 0-2, Челси – Ватфорд, Арсенал – Хул.
Мх.П.