Манчестер Јунајтед во вторник против Волфзбург во шестата рунда од групната фаза го игра одлучувачкиот натпревар во Лигата на Шампиони.


Менаџерот Луис ван Гал за дуелот со „волците“ нема да може да смета на пет стандардните првотимци што преставува голем проблем. Во аут се Маркос Рохо, Андер Ерера, Фил Џонс, Антонио Валенсија и Лук Шо кој веќе три месеци е надвор од терените.

„Црвените ѓаволи“ единствено со победа се сигурни патници во нокаут фазата, а со реми или пораз ќе зависат од исходот на ПСВ Ајндховен и ЦСКА во Холандија.

Во случај Јунајтед да изгуби или да ремизира, а ПСВ победи или пак ремизира англискиот премеирлигаш ќе испадне во групната фаза, а понатаму ќе продолжат „црвено белите“ од Холандија.

Ohridnews